Груевски на Фејсбук: Денеска промоција на 31 наслов од втората фаза на „Превод на стручни и научни книги и учебници“

Најновите наслови претежно обработуваат теми од областа на педагогијата, медицината и земјоделството, како сфери за кои беше оценето дека има најмногу потреба да се обнови литературниот фонд, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук.

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

Денес се промовираат 31 наслов од втората фаза која предвидува надградба на проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници“ од кои се учи на 10-те највисоко рангирани универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија, со нови 200 наслови, во следните 4 години. Првата фаза предвидуваше 1000 книги кои веќе беа објавени и претставуваат значаен придонес за македонската наука и книжевност.

Во насловите кои се промовираат денес станува збор за книги и учебници зад кои стојат врвни светски автори со богати биографии од аспект на постигнувањата во професиите со кои се занимаваат. Најновите наслови претежно обработуваат теми од областа на педагогијата, медицината и земјоделството, како сфери за кои беше оценето дека има најмногу потреба да се обнови литературниот фонд. Овој проект има значајна додадена вредност за литературата, особено што се спроведува за прв пат во Македонија и со него се прави значаен исчекор напред во достапност на светската литература на Македонски јазик, за потребите на студентите, асистентите, професорите, постдипломците, докторантите и други научни работници и луѓе кои сакаат да проучуваат одредена област. Ова претсавува траен влог за сите идни генерации кои ќе имаат корист од достапната литература.

Ваков проект немало никогаш во историјата на Македонија. Заклучно со денешните 31 книги, вкупно 1045 книги и учебници од овој проект се преведени и дистрибуирани низ многуте универзитетски и градски библиотеки, како и во НУБ. И секако, низ книжарниците во Македонија. Со овие книги се зголемува меѓународната конкурентност на нашите студенти, тие добиваат знаење од книги од кои учат нивни колеги од Харвард, Јејл, Кембриџ, Оксфорд, МИТ, Стенфорд, Сорбона, универзитетот Колумбија и повеќе други од тој ранг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.