Груевски: На изборите во април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба

Ова во Македонија е битка за Македонија! На кого тоа не му е јасно досега ова е добар ден да го нагласиме тоа. Битка многу поголема од дневните авантури на опозицијата, која свесно се става во улога на алатка. Оваа битка ќе се реши на изборите на 24-ти април. На тие избори народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба.

Во својот моќен говор пред присутните по повод Денот на Македонската револуционарна борба премиерот Никола Груевски меѓу другото се осврна и на актуелните внатрешни политички случувања.

Како што рече, нашата земја годинава се соочуваше со сериозна политичка криза, која што се закануваше да ги закочи сите економски и евроатлантски текови.

Многу работи беа кажани, многу емоции истурени, јавноста имаше можност да види се, да слуша аргументи, но и да биде изложена на многу шпекулации, дезинформации, полувистини. И покрај обидите за сервирање на спротивната теза токму преку оваа криза на конкретни примери, факти и аргументи, на конкретни феномени се покажа дека во Република Македонија секој може да каже се, да се собира, да ги истакнува своите ставови, да критикува независно што многу повеќе таа критика е на маректингшки основи и само заради критика,  а многу помалку на реални аргументи и со цел да подобри и унапреди нешто. И додека не критикуваа дека нема слобода, тие самите докажаа дека има слобода, и тоа дека има бааги слобода. Многумина знаат да кажат сме им дозволиле да ни се качат на глава, некои тоа го толкуваат како слабост, некои ќе си речат “абе ги држат со нешто и затоа вака оди работата“. Да беше така, ова одамна ќе беше завршено. Ова во Македонија е поголема битка од она што изгледа. Ова во Македонија е битка за Македонија! На кого тоа не му е јасно досега ова е добар ден да го нагласиме тоа. Битка многу поголема од дневните авантури на опозицијата, која свесно се става во улога на алатка. Оваа битка ќе се реши на изборите на 24ти април. На тие избори народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба, истакна премиерот.

Груевски потенцира дека на изборите во април народот ќе каже кого поддржува и во кого има доверба.

Нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми. Ние. Ние заедно со народот. Ова е наша земја. Ова е наша земјa. Ова е наша татковина! Ова е Република Македонија и ние мора да истраеме и да одговориме жестоко на сите предизвици со кои се соочуваме. Тоа сакам да го порачам на овој ден. Ова е денот на ВМРО, ова е ден за да се потсетиме сите, ова е наша земја и ние, народот на Македонија, одлучуваме за нејзината иднина! Решавањето на политичката криза со договор меѓу партиите е позитивен момент. Народот тоа го очекуваше од нас. Решавање на агонијата која ја предизвика опозицијата, и ние бевме максимално, повторувам според некого и повеќе од максимално посветени и конструктивни. Круцијален момент во тој политички договор е можноста граѓаните на избори да се изјаснат за политичките субјекти и тоа по долг период на размена на многу информации. Избори мора да има, заради нив, заради нас, заради вас, заради секого, рече македонскиот премиер.

Тој порача дека на тие избори граѓаните треба во фер услови и слободоумно да решат за својата иднина.