Груевски на отпочнување на изградбата на фабриката на Ван Хол

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе присуствува на отпочнување на градежните работи на втората инвестициска фаза на Ван Хол во Македонија.

Настанот ќе се одржи во Технолошко Индустриската Развојна Зона Скопје (Бунарџик).

Инаку, белгиската компанија „Ван Хол“ денеска ќе ја почне втората инвестициска фаза во Македонија, во која се предвидува изградба на нова фабрика во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Скопје 2 – Илинден во која, како што беше најавено на почетокот на годинава, ќе се произведуваат автобуси за европскиот пазар.

Како што беше објавено на крајот на јануари оваа година, инвестицијата на белгиската компанија ќе изнесува 15 милиони евра, а треба да се реализира во следните четири години. Во фабриката треба да бидат вработени 400 работници, а се очекува до 2019 година вкупниот број на вработени во „Ван Хол“ во Македонија да достигне 1.250.

Во правата фабрика што оваа компанија ја отвори во Македонија се произведуваат автобуси за американскиот пазар.

Белгиската компанија „Ван Хол“ е основана во 1947 година, а седиштето е лоцирано во Конинтсојкт. Најголемиот дел од производството го пласира на пазарите во Европа и во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.