понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 64

Груевски на отворање на кампот на Вардар, а потоа во Неготино

nikola-gruevski-011

Поврзани вести

Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на Спортски тренинг камп на ФК „Вардар“ во Општина Гази Баба.

Почетокот на настанот е предвиден за 12:00 часот. Тренинг кампот е граден според најмодерни европски стандарди. Истиот е реализиран преку моделот на јавно приватно партнерство и е прв од ваков вид во Македонија, објави ФК Вардар вчера на својот официјален клупски сајт.

Кампот ќе има две фудбалски терени, од кои еден со вештачка трева, 16 соби за играчите на македонскиот првак, три апартмани, просторија за теоретска и видео анализа, како и ресторан за фудбалерите.

Исто така, премиерот Груевски денеска ќе оствари посета на Општина Неготино.

Агендата на настани е следна:

– во 13:30 часот, ќе присуствува на поставување камен темелник на индустриската зона „Неготино“ кај Црвени Брегови;

– во 14:00 часот, ќе изврши увид во градежните активности при изградба на пат за село Криволак (Делница: од спој со пат R-107 до центарот на село Криволак);

– во 14:20 часот, ќе оствари средба со жителите на село Криволак;

– во 14:50 часот, ќе оствари посета на компанијата „Ролопласт“ и

– во 15:55 часот, ќе оствари средба со жителите на село Долни Дисан.

Најчитани вести