Груевски на потпишување на договор за инвестиција и нови работни места со американската компанија „Делфај“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со претставници на американската компанија Делфaj.

По средбата, која ќе се одржи во просториите на Владата во 19 часот,  ќе следува потпишувањето на договорите за реализацијата на инвестицијата на компанијата Делфaj во Република Македонија.