Груевски на промоција на 10 изданија на албански јазик дел од проектот „Превод на 1.000 стручни книги“

Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на промоција на 10 изданија на албански јазик кои се дел од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Промоцијата ќе се одржи во амфитеатарот на Дисперзираните студии на ДУТ во Скопје (во просториите на поранешната стоковна куќа „Илинден“).

Почетокот на настанот е предвиден за 13,30 часот.