Груевски на промоција на нови наслови од проектот „Превод на 1.000 стручни, научни книги и учебници“

Дванаесет нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ ќе бидат промовирани денес, во просториите на Читална „1000 книги“, во Градскиот трговски центар .

На промоцијата ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

фото: МИА