Македонија

Груевски на Самит на Европската народна партија во Брисел

Груевски на Самит на Европската народна партија во Брисел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во текот на денешниот ден ќе учествува на редовниот Самит на Европската народна партија во Брисел.

Европската народна партија е најголемата политичка партија на ниво на Европа, со најбројна парламентарна група во Европскиот парламент. Таа преставува најголемата и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во Европската Унија.

Меѓу присутните на Самитот во Брисел по правило се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, премиерот на Полска Доналд Туск.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамките на Самитот ќе ја искористи можноста и да се сретне со Претседателот на ЕПП, Жозеф Долф.

Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја претставува Македонија во присуство на лидерите на земји-членки на Европската унија како и на претседателите на народните политички партии во Европа.