четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 76

Груевски: На СДСМ им пропадна операцијата со Чаушот, па се пуштија во криминално-полициска хајка против Диме Спасов

Откако пропадна операцијата со производителот на фалсификати наречен Чауш, сега не треба да се изненадиме ако во овој период одредени структури во полицијата креираат ваков вид или слични хајки со цел дискредитација и заплашување на водството на ВМРО-ДПМНЕ, порача Груевски од годишната конференција на Унијата на жени.

zoranzaevoliverspasovski

Последни вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес истакна дека во следниов период, Зоран Заев како и досега ќе ветува се и сешто.

-Нормално ќе го гледаме Заев како оди по улица и нуди се и сешто. Прашува луѓе во стилот „на тебе што ти треба“, па наместени луѓе од СДСМ со подготвен текст ќе речат „јас сакам точак“, „Нема проблем во нашата програма ќе влезе точак за тебе“. Па се врти и ѝ вика на Радмила, „Радо пиши еден точак“. Затоа што нели човекот се обврза дека ќе ви даде ЖИВОТ на сите, таков му е слоганот. Заев ќе ви даде живот, затоа што како што добро знаеме и самиот тој нагласи на телевизија, тој е од Господ црпнат од нивата и донесен на ова место. Не за џабе. Замислете како го смислувале слоганот, колку напор требало Заев ќе ви даде живот.  Само запрашајте се за кого треба да гласам и што тој човек може да направи и понуди за сопствениот народ и држава, реално што може да направи и понуди, рече Груевски.

Тој потенцира дека тактиката на СДСМ им е следната:

– Прво тргнаа да ја казнат дијаспората. Па, десен блок, шарена револуција, десницата да се занимава со самата себе, ВМРО да се занимава со ВМРО, а реално тоа се неколку луѓе кои треба да одработат за Заев, да отцепат некој глас од ВМРО, далеку од доволно тие да имаат пратеник, но со надеж дека ќе е доволно ВМРО да загуби пратеник, и центар и лево да опфатат колку што можат. И нормално Катица да е здрава и жива, да си штанца пријави по секаков основ и да држи прес-конференции за тоа во целиот изборен период со измислени обвинувања без вина и без правен основ и докази. Може ќе добијам и обвинение што денеска на настанов сме се собрале повеќе луѓе од СДСМ на нивниот. Чисто онака колку да не е без работа. Колку да си ја заработи платата жената. Највисоката во државата плата. Па не за џабе буџетот им е 4 милиони евра. Па внук и мора да земе плата месецов, исто и уште 100-тина Сдсмовци вработени таму, нивни роднини, комшии и пријатели кои нели го „зајакнуваат капацитетот“ на СЈО. Освен супер активно СЈО, со штанцање на пријави и обвинувања, кои веќе се прочитани од народот и немаат никаква тежина,  освен притисокот кој во континуитет ќе го вршат врз судот и од тука и од надвор, ветувањето за се и сешто кон народот од страна на Заев и неговиот криминален клан, освен уфрлувањето на разни преваранти, криминалци и бивши разузнавачи да направат забуна пред изборите и осмислените и советувани други два блока кобајаги трети патишта, чија единствена употребна вредност ќе е да направат барем мала штета на ВМРО, што секако нема да им успее бидејќи веќе се прочитани, сите се прочитана книга, стратегија дадена како совет од оние кои на СДСМ им кажуваат што да прават, во овој изборен период, ќе се соочуваме и со ситуации како оној случајот со криминално полициската хајка против Диме Спасов во која за среќа ги видовме снимките и се ни е веќе јасно, истакна Груевски.

Тој рече дека откако пропадна операцијата со производителот на фалсификати наречен Чауш, сега не треба да се изненадиме ако во овој период одредени структури во полицијата креираат ваков вид или слични хајки со цел дискредитација и заплашување на водството на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако имаше се уште некој што мислеше дека борбата да имаат министер за внатрешни работи пред избори е со цел да осигураат фер и демократски избори, сега веќе, после Чауш, после опколувањето на МВР со партиски алфа полицајци, всушност докажани криминалци, и после хајката врз Диме, мислам и на последниот човек во земјата се му е јасно. Снимките така јасно одговорија на се, што немам што да додадам, освен да замислам само што ќе се случеше ако беше обратно, ако  министерот во МВР беше од ВМРО, а дополнителниот заменик за труд од СДСМ, а се другото да останеше исто и да се случеше истото. Па тоа ќе беше драма.  Прво јунаците од СДСМ со трчање и плачејќи ќе одеа во сите амбасади, па амбасадорите ќе твитнеше еден амбасадор мераклија за праќање пораки по твитер, и ќе по бараше ИТНА средба за пола саат кај мене, а првата реченица ќе му беше деканивниот главен град е загрижен, згрозен и шокиран. Потоа најмалку пет амбасадори ќе прочитаа нешто под прозор или пред Владата или пред штаб, во смисла дека демократските процеси се загрозени, дека се многу загрижени, дека очекуваат решително расветлување на случајот, дека ќе влезе во сите можни извештаи и препораки на свет, дека ќе има одговор, санкции и други работи од добро познатиот вокабулар на слични реакции. До вечерта и два три министри за надворешни работи на други држави ќе изразеа загриженост, осуда, предупредувања, одблиску ќе следат што ќе се случи,  одблиску мониторираат, па дека ова не оддалечува од НАТО и ЕУ и така натаму. Од утредента сите невладини на еден познат филантроп ќе се изредеа, а нивните домашни платеници ќе се испотепаа кој повеќе да нападне и исплука небаре хонорарот што треба да го заработат е по учинок.  Во целата таа гужва најсреќен ќе беше СДСМ. Ете ти причина пак да не одат на избори, да најават бојкот, и Заев со неговото познато викање кога збори на прес конференција со 45 луѓе зад него ќе го најавеше излегувањето од изборниот процес, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека платениците што шараат, веќе ќе се развозеа со бои во комбиња и ќе ја прославуваа новата шанса за хонорар од филантропот и неговите поддржувачи.

-Во многу европски медиуми каде филантропот има контрола или влијание ќе се пренесеше ужасната слика на режимската власт и кутрите слободоумни опозиционери, а ако случајно ВМРО не одговораше веднаш дека ќе ги одложи изборите, Али и Мендух, Љубчо и Љубе веднаш ќе објавеа дека и тие нема да учествуваат на изборите. Нормално, на оваа објава ќе се јавеше Павле Трајанов и ќе тврди дека тој прв рекол дека нема да учествува. Ќе се налепеа разни маргиналци и платени новинари и аналитичари, по некој залутан Владика во политиката, по некој глумец, пејач, спортист, лекар, бивш претседател на суд, професор итн  за да е разноврсно и навреме да фатат приклучок кон новиот колач хонорари или да одработат некое идно наградување. Е, ама бидејќи сега е обратна ситуацијата, од амбасадорите, комесарите, министрите и слични на нив имаме молк, ни глас ни траг. Не сакаат да се мешаат луѓето во внатрешните работи на една суверена држава. А од овие домашните почнаа битка за одбрана на криминално полициската хајка. Значи срамната  одбрана мора да е со домашни сили, тие нека се брукаат, па џабе ли се платени? Ете тоа е Македонија во ова време, тоа се тие двојни стандарди, но тука е и народот, единствениот и најважен амбасадор на кого ние се потпираме, гледајќи со што се се справуваме ќе стави крај на целата оваа игра, и не само тоа, туку казната ќе е со камата, за малтретажата во овие две години на сите граѓани, и изгубените шанси за нови инвестиции и уште поголем напредок на земјата. Казната на 11-ти декември ќе е со камата. Ни СЈО со вештачки креираните обвиненија и истраги ќе им помогне, ни тој Мухи со двојазичноста на цела територија со Заев, ни Оливер со партиските Алфи, ни оној Слободан Богоевски, ни дружините на Павле и Љубчо, ни секојдневните прес конференции со лажни тези. Кога со народот мајтап играш, казната не ти бега, рече Груевски.

Најчитани вести