Македонија

Груевски на средба со Весела Богдановиќ, една од 50-те најдобри наставници во светот

Груевски на средба со Весела Богдановиќ, една од 50-те најдобри наставници во светот

Претседателот на Владата Никола Груевски, денеска се сретна со Весела Богдановиќ, одделенски наставник во основното училиште „Кочо Рацин“ од село Ивањевци, општина Могила, која влезе во изборот меѓу педесетте најдобри наставници, во конкуренција од неколку илјади просветни работници од повеќе од 150 земји од светот.

Станува збор за избор кој го организира “Varkey gems fondation”, чиј претседавач е поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Натпреварот меѓу најдобрите продолжува се до изборот на најдобриот наставник кој ќе ја освои титулата Global Teacher Prize.

Богдановиќ го запозна премиерот и пренесе своето искуство од водењето на образовниот процес во матичното училиште, како и активните мерки кои се превземаат и наставните методите кои ги применува за време на часовите, а кои се компатибилни со новите наставни програми и учебници изработени од Центарот за наставни програми на Кембриџ, информираат од Владата.

Таа ја потенцираше корисноста од интерактивните техники кои се превземаат во спроведувањето на наставата, наспроти пасивното изучување на материјата како и корисноста од ангажираноста на наставикот при презентирање на наставната содржина, како метод кој е позитивен и наоѓа на интерес и прифатеност од самите ученици.

Целокупното искуство и позитивните методи на работа се содржани во нејзините 200 едукативни филмови и работни листови, со кои Богдановиќ конкурирала на изборот за најдобар наставник во светот.