Груевски на терен: Денес посета на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ќе оствари посета на Општина Кратово.

Како што информираат од ВМРО – ДПМНЕ се планира Груевски да изврши увид во градежните активности при изградба на улици во село Страцин и во градежните активности при изградба на спортска сала во ОУ “Кочо Рацин” во Кратово;

Покрај ова, Груевски ќе оствари средба со жителите на село Страцин и на Кратово.