Груевски на увид во градежните работи на ПЕТ-Центарот

Премиерот Никола Груевски денеска ќе направи увид во градежните работи за изградба на Центарот за позитронска емисиона томографија – ПЕТ-Центар, во кругот на Градската општа болница „8 Септември“.

ПЕТ – Центарот е инвестиција вредна околу 380 милиони денари, а изградбата започна на 7 – ми ноември. Се очекува ПЕТ-центарот да почне да работи во 2015 година.

Објектот е проектиран како современ здравствен објект во кој ќе биде вградена најсовремена опрема за радиофармација, радиопротекција и дијагностика.