Груевски на Велигденска литургија во Кичево

Премиерот Никола Груевски по повод големиот христијански празник Велигден вечерва ќе присуствува на Велигденска воскресна литургија во Кичево во црквата „Свети Петар и Павле“.

Според најавеното Груевски претходно во 21 часот ќе присуствува и на Велигденската воскресна миса во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.