Груевски: На Заев никој не му се плаши, а тој постојано се заканува

На Заев никој не му се плаши, а човекот постојано се заканува, рече премиерот Никола Груевски вчера на големиот народен собир на ВМРО  – ДПМНЕ во Прилеп.

Тој се осврна и на изјавата на Љубчо Георгиевски кој јавно побара амнестија.

-Го гледате ли како овој лик што на моменти мисли дека е месија како во контекст на оваа драмолетка што ја тераа со амнестијата му се пушти на Љубчо Георгиевски. А човеков побара јавно амнестија за Заев и за неговите соработници и ништо повеќе, но Заев дали не дочул, дали не доразбрал, зашто и тоа е можно, веднаш му се закани на Љубчо дека ќе објавел нешто и за него. Како демократ неверојатна работа. Значи сирот Љубчо сакајќи да му помогне веднаш си доби закана. Заканиве кај Заев некако инстинктивно му доаѓаат. Всушност како некој рефлекс. Па така некогаш ако некој му рече Зоран гладен ли си нешто да ти донесеме, овој веднаш рефлексно му одговара – абе на кого ти гладен…крв ќе падне ќе видиш ти убаво! Е така тера овој човек. Ако не се согласуваш со него си се зезнал. Одма закана, рече Груевски.