вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 21

Груевски: Над 200 милиони евра инвестиции во здравството

Премиерот Никола Груевски во рамки на отчетот за сработеното изминатите 10 години истакна дека во здравството се инвестирани над 200 милиони евра за опрема и реконструкција на постојните, но и за изградба на нови.

gruevski-otcet-555

Поврзани вести

Премиерот Никола Груевски во рамки на отчетот за сработеното изминатите 10 години истакна дека во здравството се инвестирани над 200 милиони евра за опрема и реконструкција на постојните, но и за изградба на нови.

Се набави опрема во износ од 100 милиони евра што на здравствените институции им донесе нов квалитет кој  го ползуваат и самите пациенти. Исто толку пари се инвестирани во изградбата и реконкструкцијата на болниците, започна процес на обука на медицинскиот персонал, се спроведуваат проектите рурален родктор и мобилни аптеки со што здравствената заштита се доближи до секој граѓанин, дури и до оние коишто се од најодалечените рурални средини. Се отвори и нова кардиохирургија, се изгради новв објект на Детската клиника Козле, истакна Груевски.

Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека е започната изградбата на Клиничката болница во Штип. Тоа, рече, е еден од најголемите капитални проекти на македонското здравство досега, инвестиција вредна над 30 милиони евра само во градба, а вкупната инвестиција е 56 милиони  евра. Болницата, според Тодоров, треба да биде готова за две години од сега.

Информираше и за изградбата на Пет центарот и притоа истакна дека станува збор за инвестиција вредна една милијарда денари или околу 16 милиони евра.

Изградбата заврши, кадарот се обучи сите вработени на клучните позициии во центарот беа испратени  на обука во Болоња. Сега е во тек процесот на валидација којшто треба да трае 9 месеци и очекуваме некаде до крајот на септември или почетокот на октомври да почнеме со работа со пациенти, информира Тодоров.

Во изградба е, рече тој, и болницата во Св. Еразмо во Охрид, инвестиција вредна 215 милиони денари и очекуваме да заврши некаде до средината на 2017 година.

Информира дека досега е набавена опрема во вредност од над 100 милиони евра, но, како што рече, само од 2014 досега е набавена опрема во вредност од околу 15 милиони евра.

За илустрација во тек е набавка или веќе се инсталирани 11 мамографи во повеќе градови во државава. Се набавија мамографи за Шитп, Велес, Прилеп, Кочани, Охрид, во тек е испорака на мамографи за Радовиш, Гевгелија, Македонска Каменица и Кавадарци. Генерално се трудиме со нова и најсовремена опрема да ја покриеме цела држава, рече министерот за здравство.

Потенцира дека со новата опрема и нејзиното ставање во функција сериозно го намалува времето на чекање.

Времето на чекање за зрачна терапија за луѓе коишто беа болни од малигни заболувања во време на нашите политички претходници на опозицијата беше некаде над 10 мееци, во овој момент нема листа на чекање за зрачна терапија, иако и во некои други земји во регионот таа листа на чекање  е над три, четири, па и повеќе месеци. Значи во овој момент во Македонија нема листа на чекање за зрачна терапија. Слично е и за многу други процедури, рече Тодоров.

Во рамки на отчетот беше информирано и за обуката на персоналот во здравството, проект кој се реализира околу 4 години. Досегашните искуства покажале дека над 70 посто од докторите коишто биле на едукација досега имаат воведено нови методи во својата матична здравствена установа или пак методи коишто не биле досега практицирани во ниту една  друга здравствена установа.

Досега над 2.500 здравствени работници се едуцирани во реномирани медицински центри во универзитетски клиники во болници во повеќе земји во Европа што имаат развиен здравствен систем, како и во САД, Кина, Јапонија, Австралија.

Директорот на ФЗОМ Сашо Стефановски информираше за ефектите од проектот за бесплатно Ин витро.

Ова мерка функционира од 2010 година и можам да кажам до 2015 година до крајот на 2015 околу 6.000 двојки искористиле право да добијат финансиска помош и да добијат ваучер од државата за здравствено осигурување за да искористат да добијат принова по вештачки пат бидејќи имале проблем да го направат по природен пат. Преку 6 милиони евра издвоила и исплатила за овие мерки државата изминатите години, истакна Стефановски.

Со надоградувањето на проектот на крајот на изминатата година, додаде тој, Владата на РМ ја усвои таа мерка и ин витрото комплетно стана бепслатно и за трето дете до три обиди  и за четврто дете до три обиди, со се затвора кругот. – Имаме бесплатно ин витро за прво, второ и трето и четврто дете до три обиди со нула денари партиципација, рече директорот на ФЗОМ.

Тој информираше и за намалувањето на цената на лековите. – Ова е системска мерка со добро утврдена методологја со која во рок од четири години се намалени цените на преку 4.700 лека во Република Македонија, коишто многукратно поефтинија од тоа што биле претходно и станаа подостапни за граѓаните на РМ, рече Стефановски и додаде дека на ваков начин здравствениот систем заштедил околу 33 милиони евра.

Најчитани вести