Груевски: Успеавме да реализираме над 3.000 проекти

Преродбата, потенцира премиерот Никола Груевски во своето обраќање, прерасна во проширена и надградена за да биде наследена од Манифестот за реформи и развој и проверено. Во тој период со макотрпна работа, со пресинг на секој дел од теренот, со беспоштедна борба на секој еден од нас заедно со вас, граѓаните, низ многу непроспиени ноќи, работни викенди, лета, пролети, зими, есени, рече Груевски, успеавме да реализираме над 3.000 проекти кои јасно ги имавме претставено пред граѓаните прегледно со конкретни описи, со рокови, буџети, носители, ефекти.

 Три илјади проекти кои не ги решија сите проблеми, но решија многу, решиле барем еден проблем на секој еден граѓанин без разлика на нација и вера, пол или имотен статус, нагласи претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

Премиерот говореше за постигнатото историско најниското ниво на невработеност од 26,8 проценти, за отписот на долгови за повеќе од 15 илјади семејства, во вредност од над 30 милиони евра, за аголемените пензии, зголемената социјална помош, за проектот „Македонија вработува“ благодарение на што се вработени досега повеќе од девет илјади лица.

Потсети дека се изградени 34 километри автопат за што се инвестирани 44 милиони евра, 40 регионални патишта со инвестиција од 94 милиони евра, како и 392 локални патишта и инвестиција од 62 милиони евра.

Меѓу големиот број проекти ги спомена и 150-те нови товарни вагони, новите патнички возови, инвестицијата од над 100 милиони евра за медицинска опрема и уште толку за реконструкција или изгрдба на нови болници, за намалувањеот на цените на 4.700 лекови, за новоизградените 70 и 35-0 реконструирани училишта, за струдентските домови кои ќе се градат во Скопје и во Тетово, за новите 80 нови лаборатории во високо науичните институции, како и преводот на повеќе од 1.000 стручни книги, и за изградените нови спортски и тениски игралишта, но и за 780 милиони евра поддршка за земјоделците и намалувањето на ДДВ-то за земјоделската опрема.