четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 0

Груевски најави 4 нови инвестиции кои ќе отворат над 1300 нови работни места

gruevski

Последни вести

Сигурно се сеќавате на времето кога слушавме само вести во кои фабрики се затвораа, работници се отпуштаа од работа, ние дури и во состојба на криза го намалуваме бројот на невработени и носиме инвестиции подобрувајќи ја бизнис климата, порача денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на конференцијата на Унијата на жени на партијата.

-Не е попусто што Светската банка не прогласи за држава која е петта најдобра во Европа и десетта најдобра во Светот според добрата бизнис клима и добрите услови за правење бизнис. Се објави дека од нас во Европа со подобра бизнис клима се само Данска, Англија, Шведска и Норвешка, кои пак од друга страна имаат многу високи трошоци за правење бизнис. Е затоа, секој месец имаме најави или почеток на градба или почеток со работа на неколку нови инвестиции. Така, два дена откако американската фабрика Леар на која работеше Веле Самак, официјално почна со работа во Тетово и ќе обезбеди најмалку 2.000 директни вработувања, од кои 500 веќе работат, денес можам да најавам уште неколку. Прва добра вест е дека една Чешка голема компанија која се занимава со железнички транспорт и шински возила  донесе одлука да инвестира во Македонија и да вработи најмалку 600 невработени лица, при што во првата фаза ќе вработи 150 до 200 лица. Тие планираат да отворат нов погон за одржување на шински возила во Скопје, со кој ќе ги сервисира активностите поврзани со железнички транспорт на компанијата во повеќе земји од поширокиот регион. Се планира инвестиција во вредност од 20 милиони евра и се очекува изградбата да почне во првата половина на 2017-та и за неполна година да започне со работа. Поранешниот инвестициски промотор во Јапонија, кој пред две години се врати и го ангажирав во мојот кабинет во Владата во секторот за привлекување инвестиции при кабинетот, Бојан Петровски ја води оваа инвестиција. Имаме дозвола да го кажеме и името на компанијата,  се вика Локо Транс, истакна Груевски.

Втора добра вест која тој денес ја соопшти е тоа дека американска компанија влегува на македонскиот пазар отворајќи канцеларија во Битола со план да вработи 300 лица.

-Тие обезбедуваат техничко-административна поддршка на осигурителната индустрија, маркетинг услуги и преку социјалните медиуми и медицинско кодирање на итни центри за грижа во Америка. Она што е предност е што ќе се вработат млади и добро квалификувани дипломци за што ќе се обезбеди и професионален тренинг. Оваа инвестиција ја води министерот Џери Наумоф, чие потекло е од битолско и видно забележливи се неговите напори да донесе повеќе инвестиции за Битола. Трета добра вест е за Крива Паланка. Словенечка компанија во браунфилд објект ќе отвори производство на ранци за деца кои ќе ги пласира на европскиот пазар. За почеток ќе започнат скромно со 50 вработувања со развојни планови за раст и за градба на гринфилд објект. Исто така инвестиција која ја обезбеди Џери Наумоф, откри Груевски.

Четврта добра вест е што американската компанија Амфенол, почнува со градба нов погон за автомобилски делови во Кочани.

-Амфенол веќе има две фабрики и три погони во Кочани. Градбата на третата фабрика и четврт погон треба да заврши во средината на 2017-та и да отвори нови директни 400 работни места. Со сите нивни фабрики постоечки и новата Амфенол ќе достигне 2.500 нови вработувања, рече Груевски.

Најчитани вести