Груевски најави четири нови странски инвестиции!

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за неделникот „Република“ објави дека четири нови странски компании донеле одлука да инвестираат во земјава, плус две компании кои веќе имаат инвестирано најавиле дека ќе се прошируваат со нови капацитети. Исто така, премиерот говори и за уште неколку компании со кои разговорите се во финална фаза.

Голем дел од интервјуто со премиерот Никола Груевски за „Република“ беше одвоен за економијата односно за привлекувањето на странските директни инвестиции и отворањето нови работни места. Претседателот на Владата посочува дека сега полесно се привлекуваат инвеститорите и тоа од две причини. Прво, искуството на тимот за инвестиции е поголемо отколку што беше пред пет-шест години. Второ, сѐ повеќе е раширен гласот за Македонија меѓу странските инвеститори

Еко­но­ми­сти­те ве­лат де­ка по­крај трен­дот на прив­ле­ку­ва­ње но­ви ин­ве­сти­ции, до­бар по­ка­за­тел е и тоа што не­кои ком­па­нии, кои ве­ќе има­ат отво­ре­но фа­бри­ки кај нас, се ре­ша­ва­ат да отво­рат но­ви ка­па­ци­те­ти. Кол­ку по­ма­га тоа во по­до­бру­ва­ње­то на ими­џот на Ма­ке­до­ни­ја кон стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри?

Гру­ев­ски: Би ре­кол, мно­гу. Тоа е ед­на од нај­сил­ни­те га­ран­ции де­ка тоа што ние го ну­ди­ме ов­де во смис­ла на ус­ло­ви за во­де­ње биз­нис и за ре­а­ли­за­ци­ја на ин­ве­сти­ции е до­бро за ин­ве­сти­то­ри­те. За­тоа и јас че­сто ко­га оди­ме на ро­уд-шо­у­а­та или, пак, ко­га имам сред­би со прет­став­ни­ци на стран­ски ком­па­нии што има­ат ана­ли­зи да го ши­рат сво­е­то про­из­водс­тво во Евро­па и кај кои Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од оп­ци­и­те, по­крај тоа што ги об­јас­ну­вам по­вол­но­сти­те што мо­же да ги до­би­јат ту­ка во пог­лед на нај­ни­ски­те тро­шо­ци за во­де­ње биз­нис, ни­ски­те да­но­ци, до­бра­та ра­бот­на си­ла и слич­но, на кра­јот се­ко­гаш им ве­лам да ги по­се­тат стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри што ве­ќе ра­бо­тат кај нас и има­ат ка­па­ци­те­ти и со нив да раз­го­ва­ра­ат да­ли ова што јас и мо­јот еко­ном­ски тим го го­во­ри­ме е ви­сти­на или не е. Зна­е­те, ние ка­ко вла­да пре­зен­ти­ра­ме и образ­ло­жу­ва­ме, но по­тен­ци­јал­ни­те ин­ве­сти­то­ри, кои ве­ќе ра­бо­тат во Ма­ке­до­ни­ја, мо­же нај­до­бро да има ка­жат ка­ко сто­јат ра­бо­ти­те. Ме­ѓу нив не­ма ра­ка­ви­ци, не­ма за­ви­се­ни фор­ми или, пак, не­ка­кви раз­у­ба­ву­ва­ња на со­стој­би­те, тие мо­жат експ­ли­цит­но да им по­твр­дат де­ка тоа што го го­во­ри­ме е та­ка. И за­тоа мно­гу зна­ча­ен еле­мент е ко­га овие по­стој­ни ин­ве­сти­то­ри ќе им ка­жат де­ка сѐ што збо­ру­ва­ме е ви­сти­на, де­ка ус­ло­ви­те се мно­гу по­зи­тив­ни, де­ка не­ма­ат ад­ми­ни­стра­тив­ни преч­ки и де­ка мо­жат да ги до­би­јат ми­ни­стри­те во те­кот на де­нот, и ко­га ќе им ка­жат де­ка по­крај пр­вич­ни­те ин­ве­сти­ции, отво­ра­ат и вто­ри фа­бри­ки, па и тре­ти, то­гаш има­ме полн по­го­док и ин­ве­сти­то­ри­те се ре­ша­ва­ат по­бр­гу да ја до­не­сат ко­неч­на­та од­лу­ка.

Во оваа смис­ла, имам ин­фор­ма­ции од Ви­ктор Ми­зо де­ка од ед­на ком­па­ни­ја, ко­ја ве­ќе има ка­па­ци­те­ти во зо­на­та, ни е нај­а­ве­но до­пол­ни­тел­но про­ши­ру­ва­ње на ка­па­ци­те­тот, од­нос­но из­град­ба на тре­та фа­за, за што во те­кот на след­на­та не­де­ла би тре­ба­ло да оче­ку­ва­ме и офи­ци­јал­но пис­мо за на­ме­ра. Тоа, се раз­би­ра, е до­бро за­тоа што зна­чи и но­ви вра­бо­ту­ва­ња.

Исто та­ка, ми­ни­сте­рот Пав­ле­ски ме ин­фор­ми­ра­ше де­ка се оче­ку­ва ед­на дру­га стран­ска ком­па­ни­ја, ко­ја ве­ќе има ед­на фа­бри­ка во Ма­ке­до­ни­ја, на­ско­ро да об­ја­ви про­ши­ру­ва­ње и во вто­ра фа­бри­ка, од­нос­но отво­ра­ње нов ка­па­ци­тет ка­де што бро­јот на вра­бо­те­ни би се зго­ле­мил двој­но во од­нос на вра­бо­те­ни­те во нив­на­та пр­ва фа­бри­ка.

Тоа се до­бри ве­сти, а, ка­ко што сто­јат ра­бо­ти­те со прив­ле­ку­ва­ње но­ви ком­па­нии, кои до­се­га не­ма­ат ин­ве­сти­ра­но кај нас, од­нос­но до­кол­ку би ин­ве­сти­ра­ле, тоа би би­ло пр­ва нив­на ин­ве­сти­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја?

Гру­ев­ски: До­бро одат ра­бо­ти­те и на тоа по­ле. Ма­ке­до­ни­ја е ве­ќе на ма­па­та на стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри, тоа е де­фи­ни­тив­но. Мо­же да ка­жам де­ка ре­чи­си се­кој ден, еве мо­же­би не се­кој ден, ама по не­кол­ку па­ти во не­де­ла­та, јас имам со­ста­но­ци со прет­став­ни­ци на стран­ски ин­ве­сти­то­ри од кои не­кои се во фи­нал­на фа­за на до­не­су­ва­ње од­лу­ка, од­нос­но ја има­ат Ма­ке­до­ни­ја ка­ко ед­на од две­те или три­те ко­неч­ни де­сти­на­ции за ре­а­ли­за­ци­ја на ин­ве­сти­ци­ја­та, но имам и сред­би со ком­па­нии што ве­ќе до­не­ле ин­тер­на од­лу­ка во сво­јот ме­наџ­мент, на бор­до­ви­те на ди­ре­кто­ри, да ре­а­ли­зи­ра­ат ин­ве­сти­ци­ја кај нас. Сѐ уште ги не­ма­ат об­ја­ве­но тие де­та­ли во јав­но­ста и ние, се­ка­ко, ги по­чи­ту­ва­ме тие де­лов­ни пра­ви­ла. Но, мо­жам да ка­жам, или да ски­ци­рам око­лу оваа те­ма не­кол­ку по­да­то­ци, кои, од ед­на стра­на, не­ма да ја за­гро­зат биз­нис-ети­ка­та и де­лов­на­та до­вер­ба што ја има­ме со овие ком­па­нии, но, од дру­га стра­на, ќе зна­чат но­ви по­зи­тив­ни ве­сти за на­ши­те гра­ѓа­ни и за еко­но­ми­ја­та.

На при­мер, ед­на ком­па­ни­ја што е сме­сте­на во Гер­ма­ни­ја има ин­тер­на од­лу­ка да ин­ве­сти­ра во ТИРЗ Скоп­је 2 во фа­бри­ка за про­из­водс­тво на еле­ктрич­ни уре­ди, оваа ин­ве­сти­ци­ја би соз­да­ла нај­мал­ку 500 ра­бот­ни ме­ста, од кои го­лем број би би­ле струч­но обра­зо­ва­ни ка­дри, ка­ко ин­же­не­ри и дру­ги тех­нич­ки ли­ца.

Гло­бал­на кор­по­ра­ци­ја , ком­па­ни­ја од САД од авто­мо­бил­ска­та ин­ду­стри­ја, ко­ја има око­лу 3.000 вра­бо­те­ни, има до­не­се­но од­лу­ка за ин­ве­сти­ра­ње во ТИРЗ Скоп­је 1, ка­де ве­ќе се ре­зер­ви­ра­ни и пар­це­ли со вкуп­на по­вр­ши­на од око­лу пет хе­кта­ри. Вкуп­на­та ин­ве­сти­ци­ја ќе из­не­су­ва 14,7 ми­ли­о­ни евра и пла­ни­ра­ат да отво­рат вкуп­но 417 но­ви ра­бот­ни ме­ста до крај на 2016 го­ди­на.

Ком­па­ни­ја од Тур­ци­ја има до­не­се­но од­лу­ка да ин­ве­сти­ра во Ма­ке­до­ни­ја во ка­па­ци­те­ти за про­из­водс­тво на пре­хран­бе­ни про­из­во­ди, кои се ед­ни од по­го­ле­ми­те ди­стри­бу­те­ри на хра­на во Тур­ци­ја. Во те­сен из­бор беа Ма­ке­до­ни­ја и Гер­ма­ни­ја и бе­ше ре­ше­но да ин­ве­сти­ра­ат во Ма­ке­до­ни­ја. Ве­ќе учес­тву­ваа на јав­но еле­ктрон­ско на­да­ва­ње за две пар­це­ли во ед­на оп­шти­на ка­де што не ус­пе­а­ја да се здо­би­јат ста­тус на нај­по­во­лен по­ну­ду­вач. Се разг­ле­ду­ваа и дру­ги пар­це­ли во дру­ги оп­шти­ни и се ре­ши­ја да учес­тву­ва­ат на но­во еле­ктрон­ско јав­но на­да­ва­ње во дру­га оп­шти­на, ка­де што на­да­ва­ње­то е за­ка­жа­но кон сре­ди­на­та на сеп­тем­ври, за пар­це­ла со по­вр­ши­на од око­лу 20.000 ква­драт­ни ме­три.

Аме­ри­кан­ска гло­бал­на ком­па­ни­ја од се­кто­рот за ау­тсор­синг ре­ши ле­то­во да пра­ви екс­пан­зи­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Фир­ма­та пла­ни­ра во кра­ток рок од две-три го­ди­ни да отво­ри но­ви 300 ра­бот­ни ме­ста, а во по­долг рок мо­же тоа да се зго­ле­ми до 1.000 но­ви ра­бот­ни ме­ста. Ком­па­ни­ја­та е гло­бал­на, со по­ве­ќе од ед­на ми­ли­јар­да аме­ри­кан­ски до­ла­ри го­ди­шен обрт и има ло­ка­ции на по­ве­ќе ме­ста низ све­тот и низ Евро­па. Во Ма­ке­до­ни­ја, екс­пан­зи­ја­та ќе би­де во ра­бот­ни ме­ста за под­др­шка на кли­ен­ти со за­ста­пу­ва­ње на за­пад­но­е­вроп­ски­те ја­зи­ци, ка­ко анг­ли­ски, гер­ман­ски, фран­цу­ски, ита­ли­јан­ски, па и не­кои од скан­ди­нав­ски­те ја­зи­ци. Ге­не­рал­но, цел е да се вра­бо­ту­ва­ат лу­ѓе со за­вр­шен фа­кул­тет, ка­ко и по­врат­ни­ци што ра­бо­те­ле во странс­тво, а има­ат искус­тво со ја­зи­ци. Исто та­ка, сѐ по­ве­ќе се обр­ну­ва вни­ма­ние не са­мо на поз­на­ва­ње­то на ја­зи­ци­те, ту­ку и на тех­но­ло­шки­те ве­шти­ни.

Тоа се че­ти­ри но­ви ком­па­нии што до­не­ле од­лу­ка за ин­ве­сти­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, зна­чи ја оце­ни­ле ка­ко нај­по­вол­на де­сти­на­ци­ја за нив­ни­от биз­нис и оче­ку­ва­ме да об­ја­ват и офи­ци­јал­но во јав­но­ста де­ка вле­гу­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја, што ќе го про­дол­жи по­зи­тив­ни­от бран, но ќе зна­чи и но­ви вра­бо­ту­ва­ња и но­ви мож­но­сти.

Исто та­ка, во фи­нал­ни пре­го­во­ри сме со три гло­бал­ни фир­ми, две аме­ри­кан­ски и ед­на гер­ман­ска, кои се со сли­чен ранг ка­ко „Џон­сон кон­тролс“, за екс­пан­зи­ја низ Ма­ке­до­ни­ја. Кон­ку­рен­ци­ја­та е мно­гу агре­сив­на, пра­ви­ме на­по­ри да ги убе­ди­ме за Ма­ке­до­ни­ја, а ло­ка­ци­и­те што се зе­ме­ни пред­вид се гра­до­ви низ Ма­ке­до­ни­ја ка­де што сѐ уште има­ме по­го­ле­ма не­вра­бо­те­ност. Овие фир­ми се од авто­мо­бил­ска­та ин­ду­стри­ја и се на­де­вам де­ка ќе ус­пе­е­ме.

Има го­лем ин­те­рес од но­ви ин­ве­сти­то­ри да гра­дат хо­тел­ски ре­сор­ти во Охрид, не­кои од нив тре­ба да пу­штат пис­мо со на­ме­ри во сеп­тем­ври.

Ме­на­џе­рот на ед­на бел­ги­ска ком­па­ни­ја, пак, ко­ја е во де­лов­ни од­но­си со ед­на дру­га ком­па­ни­ја што ве­ќе има фа­бри­ка во Ма­ке­до­ни­ја и ко­ја е спе­ци­ја­ли­зи­ра­на за пре­ра­бо­тка и за обра­бо­тка на ме­тал­ни кон­струк­ции и де­ло­ви што има­ат ши­ро­ка при­ме­на во авто­мо­бил­ска­та и во тек­стил­на­та ин­ду­стри­ја, еле­ктро­ни­ка­та и дру­ги ти­по­ви ин­ду­стрии, во из­ми­на­ти­те три-че­ти­ри ме­се­ци два­па­ти ос­тва­ри по­се­та во Ма­ке­до­ни­ја и од на­ша стра­на беа по­ну­де­ни по­ве­ќе об­је­кти – про­из­водс­тве­ни ха­ли, со цел за дол­го­ро­чен за­куп. Пла­но­ви­те на ком­па­ни­ја­та се за­куп на про­из­водс­тве­на ха­ла со по­вр­ши­на од 1.500 ква­драт­ни ме­три, но­ви вра­бо­ту­ва­ња на око­лу 100 ли­ца.

И на крај би до­дал де­ка ед­на ме­шо­ви­та аме­ри­кан­ско-за­пад­но европ­ска ин­тер­на­ци­о­нал­на ком­па­ни­ја има до­не­се­но ин­тер­на од­лу­ка да ин­ве­сти­ра во при­леп­ско-ма­ри­ов­ски­от ре­ги­он. Ин­ве­сти­ци­ја­та за­ви­си од не­кои ре­гу­ла­ти­ви што тре­ба да се спро­ве­дат во Европ­ска­та уни­ја, на кои ком­па­ни­ја­та ра­бо­ти во пос­лед­ни­те две го­ди­ни, а во ме­ѓу­вре­ме неј­зи­ни прет­став­ни­ци ос­тва­ри­ја не­кол­ку по­дол­ги по­се­ти во Ма­ке­до­ни­ја за­ед­но со нив­ни­те струч­ни ти­мо­ви. Зна­чи, има­ат до­не­се­но од­лу­ка, и до­кол­ку е сѐ во ред со ре­гу­ла­ти­ви­те, тие ќе ин­ве­сти­ра­ат кај нас, до­кол­ку не се до­го­во­рат тие ре­гу­ла­ти­ви, не­ма да ин­ве­сти­ра­ат ни­ка­де. Оваа ин­ве­сти­ци­ја би има­ла нај­мал­ку 1.000 вра­бо­ту­ва­ња во При­леп и во окол­ни­от ру­ра­лен ре­ги­он.

Има и дру­ги на кои во мо­мен­тов не мо­жам да се се­там со си­те де­та­ли и не би ги спо­ме­ну­вал, но, ка­ко што ре­ков, ра­бо­ти­те одат до­бро и јас оче­ку­вам во ид­ни­от пер­и­од да има­ме но­ви по­зи­тив­ни ве­сти во оваа сфе­ра, ко­ја е ед­на од нај­ус­пеш­ни­те во ре­а­ли­за­ци­ја­та на вла­ди­на­та по­ли­ти­ка.