Груевски најави дека ќе продолжат инвестициите во инфраструктурата

Премиерот Никола Груевски на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Куманово истакна мора да продолжат со трендот на инвестиции во инфраструктурата.

-Покрај повикот за концесионер за патот Кичево Гостивар, обезбедивме финасиска конструкција за оваа година да почне изградбата на експресниот пат со четири ленти Градско- Прилеп, ист таков Штип-Кочани, Охрид- Пештани, а следната година и Ранковце-граница со Бугарија и Штип Радовиш.Ова и уште поголем број градби и реконструкции на помали патишта кои се во план, ќе даде дополнителна енергија на градежниот сектор, кој сигурно ќе ја зголеми вработеноста, а долгорочно овие патишта ќе влијаат на развој на економијата, истакна премиерот.

Груевски посочи дека во енегетиката ќе продолжи развојниот циклус на повеќе проекти, кои исто така ќе продуцираат развој и вработувања.