Груевски најави две нови инвестиции и 350 нови вработувања во прилепскиот регион

Премиерот Никола Груевски на денешниот голем народен собир во Прилеп најави нови две инвестиции и уште 350 вработувања за прилепскиот регион.

-Да ги најавам и германската фирма АКОМПЛАСТ која отвора фабрика за производство на компоненти за автомобилската индустрија, технологија со импрегнирање. Се работи за компанија која спроведува висока технологија, со почетна инвестиција од неколку милиони евра и 250 вработувања. Првите вработени ќе бидат пуштени овој месец, април-мај, на доусовршување во матичната фирма во Германија. И уште една најава, а тоа е за инвестиција на италијанската компанија која ја носи како и претходната министерот Бил Павлески  се вик bizzi&buzzi која одлучи да инвестира во Прилеп во производство на расветни тела, и која на самиот почеток ќе вработи 50 лица, а во период од 2 години ќе вработи над 100 лица, изјави Груевски.

Тој посочи дека за компанијата се потребни млади кадри кои го познаваат англискиот јазик, а американската компанија за производство на етанол, која самата објави планови за влез во Прилеп, се уште работи на подготовка на предусловите за да ја почне инвестицијата, која по реализацијата ќе ангажира околу 2000 луѓе.