Груевски најави изградба на три нови студентски домови

Ќе се градат три нови студентски домови во Македонија, два од нив Ќе бидат изградени во Скопје и нов студентски дом ќе добие и Тетово. Ова денес го најави премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на село Нерези во општина Карпош.

Доста работевме за изнаоѓање на локации за студентски домови, баравме локации кај што има државно земјиште каде што мислиме дека може да се изградиме студентски дом. Практично на крајот излезе дека во Скопје веројатно ќе се градат два студентски дома, едниот е на местото на сега  веќе руинираните бараки во Медицинар кои веќе не се во функција, рече Груевски.

Тој образложи дека во Медицинар  студентскиот дом кој ќе биде со  капацитет од 350 до 400 места за студенти, а во склопот на студентскиот дом ќе има и спортска сала, читална, библиотека итн.

За овој студентски дом  проектот ни е готов има мали доработувања и измени кои во моментов се прават така што очекувам во декември месец да излезе јавниот повик за градба на нов студентски дом  на местото на сегашните руинирани и вон употреба бараки во Медицинар. Втората локација за која се уште ги немаме потребните документи е во близина на СЦ„ Борис Трајковски“ во општината Карпош, каде што планираме исто така локација за околу 500 места за студенти. За ова место ќе треба доправа да ги започнеме сите подготовки од правен аспект, рече Груевски.