четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Груевски најави нова програма за рурален развој

aviolinii

Поврзани вести

Владата  планира да изработи нова програма за рурален развој и поддршка на земјоделството за 2016 година во износ од 2 милијарди 46 милиони денари или над 33 милиони евра, најави премиерот Никола Груевски.

– Програмата денеска ќе се разгледува на Комисија, а се надевам дека деновиве ќе биде и на седница на Влада. Ќе биде користена главно за поддршка на земјоделските стопанства за набавка на механизација и опрема и се што им е неопходно, како и за општините во руралните средини за изградба на различни инфраструктурни проекти што би им помогнале на земјоделците, локални патиштата, водоводи…, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен темелник на првата детска градинка во Горно Лисиче што е лоцирана во дворот на ОУ „Гоце Делчев“, пренесува МИА.

Прецизира дека откако ќе се усвои програмата за рурален развој и поддршка на земјоделството од страна на Владата ќе започне објавувањето на огласите за конкурирање на програмата.

– Програмата е правена согласно потребите на земјоделците во соработка и директна комуникација со земјоделските здруженија и во неа ќе влезат проекти кои се веќе започнати или се во тек или сега ќе започнат. Ќе биде исклучително важна за развојот на руралните средини во Република Македонија чии што општини немаат високи буџети и имаат потреба од дополнителна поддршка од Буџетот на Република Македонија, рече Груевски.

Потенцира дека Владата редовно ги поддржува земјоделците, но и селата и руралните средини и нагласи дека полза од поддршката ќе имаат и оние лица кои живеат во руралните средини, а не се земјоделци.

– Ваквата силна поддршка како Влада ќе ја продолжиме и годинава, а и во наредните години, додаде Груевски.

Најчитани вести