Груевски најави нова странска инвестиција која ке отвори 200 нови вработувања

Една компанија од Северно-американскиот континент, која ми ја најави министерот Виктор Мизо, има интерна одлука да инвестира во Македонија во отворање на кол центар во кој што ќе вработи најмалку 200 лица во првиот период, а подоцна таа бројка ќе расте, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

Тоа ќе значи решавање на проблемот на 200 семејства во Република Македонија, 200 семејства кои што немаат вработување и кои што се фрустрирани, кои што се несреќни ќе добијат вработување, ќе добијат сигурни приходи, посигурна иднина, ќе добијат смирување, зошто секој од тие семејства имаат немир во душата и неизвесност за понатаму. Намалувањето, или завршувањето на оваа криза ќе значи уште подинамично носење на инвеститори, рече Груевски.