ТОП,Македонија

Груевски најави нови странски инвестиции и нови работни места

Груевски најави нови странски инвестиции и нови работни места

Нови странски инвестиции кои ќе обезбедат нови работни места најави вечерва премиерот Никола Груевски во своето обраќање по повод  Денот на македонската револуционерна борба.

Ние жестоко ќе продолжиме да се бориме за социјална правда, ќе продолжиме со мерките за вработување на луѓето како најдобар гарант за излегување од социјалната неправда која ние беше оставена како структурен проблем, рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање вечерва. Во оваа насока дозволете да најавам дека заменик директорот агенцијата за странски инвестиции Климент Шеќеровски ме информираше дека компанијата Мусала софт од Бугарија, која е лидер во нивната дејност, донесе одлука за инвестирање во Македонија, и веќе регистрираше компанија во Скопје, изнајми простории и започна со вработувње на висококвалификуван кадар, а нивниот план е да достигнат 300 вработувања за период од 2 до 3 години. Министерот Џери Наумов ми деновиве ми најави нови 120 работни места од две компании на кои тој работеше, рече Груевски.

Тој нагласи дека едната е од Итлија, од земјоделската индустрија, која одлучи да инветсира во Битола и неодамна купи земјиште во индустриската зона Жабени, каде што наскоро ќе почне градба на капацитет.Компанијата користи посебна технологија запроизводство на преработен зеленчук за извоз, главно во Италија и Германија. Тие ќе вработат 40 лица. Втората е израелска компанија која во Скопје отвора своја компанија и ќе вработи 80 луѓе во следните 12 до 18 месеци, со план на значително зголемување на бројот на вработените во период од 5 години.

Тие ќе работат како подршка на нивните операции за продажба за нивните европски клиенти.50 од нивните вработени ќе бидат лица кои го познаваат францускиот јазик а останатите треба да познават италијански, словенски и други балкански јазици.Компанијата функционира во областа на финасиската дејност и активна е во 40 земји. Во портфолиото на Виктор Мизо, како што претходно најавив стои дека до крајот на годината 2 компании ќе ги објават своите донесени одлуки за инвестирање едната во Струмица за 1.500 лица, втората во Скопје за 500 лица, а ќе следат и две отворања на фабрики на компаниите кои завршуваат со градбата и ќе следи почеток на производство.Тоа е новата, втората фабрика на Технохозе од Италија со нови 150 вработувања, а во декември и компанијата Кап Кон со 400 нови работни места, двете во Скопје.Ќе биде потпишан и најмалку еден нов договор за една нова инвестиција во Македонија, а тоа е договорот со германската  Костал за 1.000 вработувања во зоната Охрид-Струга, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека американската Гентерм ќе влезе во финиш на својата нова фабрика во Прилеп во која ќе отвори 2.000 нови работни места и која веќе ги селектираше првите 350 лица.