четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 73

Груевски најавува освежување во тимот

Освежување во Владата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има смисла ако изборите не се случат за брзо време. Ако оние што ќе дојдат имаат доволно време да се покажат и да се претстават пред да дојдат изборите. Ако изборите се за брзо време, тогаш освежувањето ќе биде по изборите. Ќе видиме. Имаме ситуација кога СДСМ вели дека сака брзи избори, а всушност не сака брзи избори бидејќи знае дека ќе ги загуби.

gruevskiii-telegraf-640x409

Поврзани вести

Освежување во Владата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има смисла ако изборите не се случат за брзо време. Ако оние што ќе дојдат имаат доволно време да се покажат и да се претстават пред да дојдат изборите. Ако изборите се за брзо време, тогаш освежувањето ќе биде по изборите. Ќе видиме. Имаме ситуација кога СДСМ вели дека сака брзи избори, а всушност не сака брзи избори бидејќи знае дека ќе ги загуби.

Ова е одговорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на прашањето дали ќе има реконструкција и освежување во редовите во Владата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во мега интервјуто за Телеграф.мк. Груевски вели дека СДСМ ем несакаат да одат на избори, ем сакаат да се дел од владата.

За таа цел, за пролонгирање на изборите, користи разни изговори од типот избирачки листи и слично. И тоа им е јасно на сите, па и на меѓународниот фактор, иако јавно никогаш нема да го кажат тоа. Значи, ем не сакаат да одат на избори ем сакаат да се дел од владата, како да победиле на избори. А ако не се, се закануваат дека ќе правеле проблеми, кои проблеми во крајна линија се проблеми на државата и на народот. И пак поради тоа дополнително ќе губат. Само нека тераат вака. Партиски гледано ни одговара, вели Груевски.

Најчитани вести