Груевски најавува три нови инвестиции

Битола, Велес и Охрид наскоро ќе добијат нови индустриски капацитети.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски најави дека во овие три града наскоро ќе пристигнат нови инвеститори кои планираат отворање на повеќе од 2.500 работни места.

„Одлична вест! Наскоро три инвестиции во три различни градови, Битола, Велес, Охрид и над 2500 нови работни места…“, објави на својот официјален Фејсбук профил претседателот на владејачката партија, Груевски.

gruevskifb2

Засега нема повеќе детали околу овие најавени инвестиции.