Груевски: Најниската пензија од 2006 година e зголемена за 94 отсто

Груевски: Најниската пензија од 2006 година e зголемена за 94 отсто
Груевски: Најниската пензија од 2006 година e зголемена за 94 отсто
За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти со кое од доаѓањето на оваа Влада во 2006 година најниската пензија е зголемена за 94 проценти, а просечната за 79 отсто, истакна премиерот Никола Груевски.

Според премиерот, ова претставува огромно зголемување за пензиите.

– За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти кое ќе биде со септемвриската пензија што се зема на почетокот на октомври кога околу 300.000 пензионери  практично ќе земат покачена пензија. Гледано така, од 2006 година кога дојдовме во Владата, вклучувајќи го и зголемувањето сега во септември, ќе имаме вкупно зголемување на најниската пензија за 94 отсто, а на просечната пензија за 79 отсто, што е огромно зголемување, рече премиерот Никола Груевски.

Тој посочи дека на пример пензионер кој во 2006 година земал најниска пензија, односно 4.300 денари, веќе во октомври годинава со најновото зголемување ќе зема 8,400 денари пензија, што, како што рече, е без малку двојно.

– Работиме и се трудиме секоја година да растат пензиите. Тоа е и наше ветување што сме го дале и тоа ветување го реализираме, истакна премиерот Груевски.