Груевски: Најважно за нашиот народ е прашањето „Како сето ова ќе заврши“

Најважно за нашиот народ е прашањето „Како сето ова ќе заврши“, рече денес премиерот Груевски пред десетици илјади граѓани.

-Ќе заврши со правна постапка согласно законите во Македонија. Правна постапка за секој за кој има сомневања и докази дека го прекршил законот, и за кој институциите на системот за кои ме радува што побараа и меѓународен мониторинг, а тоа и ние го поддржуваме, ќе ценат за што какви докази постојат и совесно и самостојно ќе одлучуваат, истакна премиерот.

Тој потенцира дека како и што досега истакнуваше, владејачката партија е подготвена за дијалог на принципиелни основи согласно досега јавно изнесените позиции.

-Ние сакаме и немаме никакви резерви да дискутираме за прашањата кои опозицијата ги отвора, за прашања кои се од интерес на граѓаните, изборите, медиумите и слично, но условувања и уцени тоа никогаш нема да прифатиме, посебно затоа што знаеме што стои зад тоа, и што се крие зад тоа, порача Груевски.