Груевски наредната недела во посета на САД

атина
Се работи за редовна активност на ВМРО-ДПМНЕ која е дел од заложбите за зголемено меѓународно присуство и активност.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија информацијата дека партиска делегација предводена од претседателот на партијата Никола Груевски во текот на наредната недела планира да оствари посета на Соединетите Американски Држави.

За време на кусата посета планирани се билатерални средби со повеќе конгресмени, сенатори и дипломати кои учествуваат во политичкиот живот на САД и може да придонесат и да помогнат за афирмирање на државните интереси.

Се работи за редовна активност на ВМРО-ДПМНЕ која е дел од заложбите за зголемено меѓународно присуство и активност.

Минатиот месец партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Берлин, Германија.