Груевски: Народот 60 дена протестираше мирно, провокациите на СДСМ придонесоа да се случат немирите

Како никогаш досега, меѓу 100 и 200 илјади луѓе, секој ден, 60 дена во околу 30 градови излегуваа и го изразуваа својот револт, тој да допре до политичарите. Да допре до оние коишто прифатиле туѓи агенди, коишто прифатиле туѓи сценарија, коишто по секоја цена сакаат да дојдат на власт, коцкајќи се со државните и национални интереси, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето на Топ Тема на телевизија Телма.

„Народот разбра дека треба да го искаже своето мислење. Како никогаш досега, меѓу 100 и 200 илјади луѓе, секој ден, 60 дена, во околу 30 градови, излегуваа и го изразуваа својот револт, да допре до политичарите. Да допре до оние коишто прифатиле туѓи агенди, коишто прифатиле туѓи сценарија, коишто по секоја цена сакаат да дојдат на власт, коцкајќи се со државните и национални интереси. Тие ги нарекуваа со најпогрдни зборови, тоа беше она што допре до народот, а никогаш не сум повикал на насилство. Сум повикал на изразување револт и тоа се случуваше 60 дена, едно цвеќе не беше нагазено додека стотици илјади граѓани излегуваа на улиците. Тоа беа 60 дена мирни протести кои што се за пример“, рече Груевски.
Груевски смета дека она што се случи во четвртоот вечерта во Собрението  смислено сценариот на СДСМ да го испровоцира народот, со гласањето во 18 часот, а можеле да го направат во 14 часот.

„А она што се случи вчера, она што придонесе да се случи она синоќа, во голема мера го детерминираше СДСМ, со неговото однесување и неговите постапки, со игнорирањето на народот, со провокациите кон народот, со потценувањето, со навредите, знаете ли со какви се не погрдни зборови ги нарекоа. И уште една работа, вчера имаше сценарио, вчера беше темпирано во 18 часот СДСМ да го направи, токму она што го направи. Зошто не го направија тоа што го направија во 14 часот, кога немаше народ надвор, зошто го одбраа 18 часот кога знаеа дека ќе има десетина илјади луѓе пред Собранието, револтирани, испровоцирани, со денови насобран гнев, со денови собирани фрустрации“, појасни Груевски во петокот вечерта во неговиот телевизиски настап.