Груевски: Народот е многу попаметен од многу служби и нивните експоненти

Четврта порака која ќе произлезе од народот од следните избори предизвикани од политичката криза која ја создаде СДСМ и оние кои им помагаа, е дека не само што е господар на оваа територија, и одлучува за својата иднина, туку и дека е мудар и не е глупав, дека е попаметен од многу служби и нивните црпнати експоненти, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

-Само оној кој смета дека народот е глупав, во недостаток на креативни идеи за општо добро, може да верува дека ќе ја купи неговата доверба ,,продавајки му,, нешто што народот веќе одамна го има: слобода и демократија. Не велам дека таа демократија неможе да се подобрува, но тој што верува дека ако му понуди на народот слобода и демократија, и го убедува дека сега живее во диктатура, режим или незнам што, и при тоа верува дека со  тоа како главна понуда ќе ги добие изборите, треба да знае дека не е народот ни глупав ни наивен, туку глупав е оној кој  верува дека ќе го убеди да му ,,купи,, нешто што овој одддамна го има е глупавиот, рече Груевски.