Груевски: Народот е нашиот бедем и е помудар од Заев и групата

Народот на нашиот бедем. Народот е помудар од Зоран Заев и неговата група. За секој еден граѓанин ќе се бориме со чисто срце, порача премиерот Никола Груевски од денешниот голем народен собир во Тетово.

– СДСМ го потцени народот и љубовта на нашиот народ кон сопствената држава. Тоа ќе им се врати како жесток бумеранг и ќе ги урне како кула од карти. Нивната цел е дестабилизација на институциите, за да може да хара овде кој како сака и да спроведува туѓи агенди. , рече Груевски.

Груевски нагласи дека ова што го прави опозицијата ќе им се врати како бумеранг затоа што одбрале погрешен пат, затоа што одлучиле да се здружат и да си ја продадат душата на ѓаволот против интересите на државата.

-Ние сме тука пред вас, и јавно им порачуваме и од овдека, од Тетово, Македонија е посилна од вас, народот е помудар од Заев и неговата група, народот е нашиот бедем, со чисто срце и волја ќе се бориме за нашата Македонија и за секој еден наш граѓанин, и ќе работиме уште посилно и уште повеќе, рече Груевски.