Груевски: Народот е силата која ја создава државата

Денес го славиме народот на Македонија затоа што тој народ ги извојувал победите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор за Илинден.

Тоа биле македонските херои кои ставале браник на секоја лоша идеја и кои обезбедувале продор на македонското дело и прогрес на македонскиот народ. Народот е силата која ја создава државата и која ја брани и развива таа држава. И денес народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО. Затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината, рече Грувски.

Тој посочи дека Македонија како и досега ќе излезе уште посилна и пообединета.

Ние Македонците, одовде на Илинден порачуваме дека Македонија, како и досега низ историјата одовде ќе излезе уште посилна, уште поуспешна, економски посилна и пообединета. Да ни е за многу години и векови праникот Илинден!, порача Груевски притоа упатувајќи честитка до сите граѓани на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.