Македонија,Политика

Груевски: Народот ја прави Македонија тоа што е

Груевски: Народот ја прави Македонија тоа што е

Народот е нашата сила, а народот ја прави Македонија тоа што е. Големината на нашта држава не е во нашите пропорции, туку во нејзините луѓе, нивната жилавост, во нивната порив и посветеност, нашиот народ е нашата држава. Од Охрид ќе почне да ечи, државата пред се, Македонија пред се, луѓето пред се, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот централен митинг во Охрид.

Премиерот Груевски посочи дека традицијата на нивниот караван за секоја кампања почнува од Охрид и оттаму тргнува походот кон уште една нова победа.

„Од Охрид ќе почне гласот кој ќе се шири низ цела држава, гласот на народот, нашиот на нашиот пристап, гласот кој ќе кажува кој работи кој не, која е разликата, гласот кој ќе грми во секој град, гласот на народот кој гледа и прави разлика, кој не подлегнува на никакви манипулации, туку два доверба на конкретни дела“, нагласи Груевски.

Груевски истакна дека вечерва започнува поход кон победата на коалицијата „За подобра Македонија“како и победата за претседателот Ѓорге Иванов, но, како што нагласи, вечерва започнува и одбројувањето до осмата победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.