вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 10

Груевски: Народот јасно гледа се’ и знае да цени и суди

Македонија сега е безбедна, колку што е и цела Европа. Сите сме во исти кош, и затоа потребен е заеднички и здружен одговор во борбата против тероризмот. Не смееме да дозволиме овие закани да ни го променат животот до таа мера за да не парализираат во нашите активности, но не смееме ни да ги потцениме, смета премиерот Никола Груевски

gruevski_nikola

Последни вести

Финалниот удар за Заев доаѓа на 24 април. СДСМ е заложник на соросовата групација. Внатрешните прашања мора да ги решаваме самите. Министрите од опозицијата се згрчени луѓе кои се под голем партиски притисок и ќе пробуваат со ниски удари да креираат случаи. Нема да дозволиме да се закочат проектите кои добија доверба од граѓаните. Имаме право да се одолжуваме на историските ликови, проектот Скопје 2014 финишира.

Мерцедесот на МВР е за високи странски гости, возилото не го прави човекот и политиката. Отворени се над 140 000 работни места, следната година ќе има повторно зголемување на пензиите и социјалните надоместоци. Оние кои не нарекуваа земјоделска влада сега покажуваат лицемерие за земјоделците, ние даваме историски највисоки земјоделски субвенции.

Полицајците во Куманово спасија многу животи, благодарни сме како држава, институции и како народ, почитта кон 8 херои мора да се одржува.

Чекаме Спасовски да открие кој правеше манипулации со измислените случаи со личните карти. Нема да ја изневериме љубовта кон Татковината и нашиот народ, граѓаните може да се потрпат и да сметаат на нас, се дел од поентите кои премиерот Груевски ги изнесува во интервју за порталот „Прес24“.

*Премиере неколку месеци после бомбите, епилог Пржински договор, мислење дека премногу попуштивте, стоите добро, но прво како се чувствувате лично?

Груевски: Ме фативте неспремен за ова прашање. Обично ретко кој прашува како се чувствувам, веројатно луѓето брзаат да го соопштат проблемот со кој се соочуваат, а сигурно ги имаат доста, и разбирливо, ретко кој да праша како сум, и затоа ме затековте со прашањето. Прво, со здравјето сум одлично, и освен некоја настинка и синусите со кои се малтретирам повремено, генерално фала му на Бога добро сум. Моето семејство исто така. И тоа е најважно кога еден човек го прашувате како е. Но, кога на еден политичар што помина низ еден вака бурен период му го поставувате ова прашање, секако може да следи и дообјаснување на сето она што го чувствува и низ што поминал. Поминав и јас лично, моите најблиски низ еден сериозен, доста бурен и навистина тежок период во кој бевме под напад на една темпирана и однапред осмислена кампања за лична дискредитација, кампања која имаше цел да го урне Никола Груевски од позицијата премиер, да ги дестабилизира институциите на државата, да внесе немир, силна поделба, омраза, набој во македонското општество, посебно во делот меѓу етничките Македонци. Сето тоа се прекршуваше и се прекршува на мој грб, но не само на мој, и на грбот на моите соработници, на моето семејство, кои се предмет на гнасна кампања, но и на грбот на народот, по улиците, во дуќанчињата, меѓу соседите, роднините, пријателите…Луѓе меѓусебно се обвинуваат, честопати без посебни аргумент, од оваа или онаа страна,  тензии имаше на секој чекор, но народот ја виде ова игра, и одолеа, барем засега на сите провокации. Знам дека и во иднина ќе има провокации, но знам и дека нашиот народ досега поминал многу и знае многу добро што се случува и која е целта.

Јас сум благодарен на нашиот народ, што покрај сите обиди, на крај остана со ладна глава и мудро постапуваше во клучни момент, и сум длабоко благодарен и тоа навистина нема да дозволам да се изневери, а тоа е големата поддршка која ја имаме и покрај сета ова гнасна кампања.

Напаѓачите на Македонија и изгубија една година и пол на нашата држава,  толкав период живееме во заложништво, но народот е бедемот на нашата Татковина, и тој го зададе најсилниот удар, кој својот вистински ефект ќе го има на следните избори.

Како се чувствувам? Она што успеаја да го направат е дополнително да ме мотивираат за заеднички со народот да го поразиме нивното сценарио.

Се сеќавате на познатата Рамбл ин д џангл(Rumble in the Jungle), најпознатата битка на Касиус Клеј односно Мохамед Али откога го промени името,  во целата негова кариера. Беше многу одамна. Никој тогаш не очекуваше дека Али ќе победи со Џорџ Форман, поради подготвеноста на противникот, или во случајов противниците би рекол, но сепак на крај тој победи.

Тоа што Мохамед Али успеа, е да го надмудри и психолошки да го победи својот противник. Противникот на Али, Форман имаше направено тотално погрешна проценка за чекорите и начинот како Али ќе се бори.

Форман на почетокот удираше и удираше, а Али го допушташе тоа, рунда по рунда, Али пушташе Форман да удира, роуп а доуп(rope a dope)ја нарекоа неговата стратегија, и се случи Форман во осмата рунда да се умори, а Али тогаш почна. И ми се чини дека заврши со нокаут, Форман беше декласиран.

Е сега, сите се прашуваа во првите осум рунди зошто Али така боксува, мислеа дека е наместен мечот, мислеа дека Али е ослабен, но вистината беше дека Али имаше стратегија и се однесуваше различно од тоа што неговиот противник го профилирал за него.

Осмата рунда за Заев допрва доаѓа, а финалниот удар ќе дојде на 24ти април.

*Гледам дека постојано говорите во множина за Вашите противници, ги има повеќе, или се однесува на СДСМ и коалицијата? Се слушаат секакви теории на заговор?

Груевски: Теории на заговор имало и ќе има. Реалноста е често пати нешто друго, но некогаш е и нешто измеѓу. Затоа работите во политиката не може да бидат црно-бели, нема исклучивост. Во политиката има разум, и интерес на народот и државата. Јас знам дека во моето делување секогаш сум се водел од интересот на народот и државата, и тоа така ќе биде, а дали тоа можат да го кажат и други политичари, за тоа историјата ќе цени допрва.

*Повторно не одговоривте кои се противниците?

Груевски: Наши политички противници се СДСМ и нивните сателити меѓу кои и…

Најчитани вести