Груевски: Народот јасно гледа се’ и знае да цени и суди

Наши политички противници се СДСМ и нивните сателити меѓу кои и групацијата финансирана од Соросовиот институт, кои немаат никогаш храброст да се појават независно на избори туку секогаш со својот дебел буџет финансираат проекти за поддршка на СДСМ, во медиумите и во невладиниот сектор, влезени се и во некои бизниси колку што знам. Во моментов СДСМ е заложник на таа групација, а Зоран Заев имам чувство дека е меѓу чеканот и наковалната. Не му е лесно и на него. Е, целата ова групација на партии и организации, финансирани од некои бизнисмени и делумно од странски фондови, има еден суштински дефект во своето работење, направиле погрешна проценка на македонскиот народ и генерално на целото општество, и се водени од гнев и омраза. Тоа се нивните најголеми противници. Целата своја стратегија ја базираат на погрешни претпоставки и затоа е погрешна. Ако зграда изградите на криви темели, ќе биде крива.

Противниците е едноставно да се видат. Човек само треба да ги погледне од повисоко и цела мапа е јасна.

Но, да не бидам погрешно сфатен, ако некој алудира на противници во западните земји или нешто слично, јас мислам дека тоа не е баш така. Како што реков не се црно-бели работите во политиката. Ако некој пробува да помогне во овој период се токму дел од западните земји, тие тоа го прават за да го заштитат првенствено својот интерес и затоа помошта е така димензионирана, и тоа треба да се разбере, но секој друг што наоѓа сега вакум простор за сопствено позиционирање треба да се праша каде бил досега и зошто баш сега се заинтересирал за да помогне.

Нашата крајна цел е демократско општество интегрирано во НАТО и ЕУ, и кампања против ова во овој момент едноставно е нелогична и според мене со нејасни цели.

*Но еве во преговорите слушаме дека Питер ван Хауте се однесувал нецивилизирано, навредувал, па Македонците не биле европејци и слично….

Груевски: Питер ван Хауте е најневажниот елемент во целиот мозаик. Тој е само извршител кој зема дебели дневници, и моја препорака до нашите преговарачи во работните групи беше да му одговорат соодветно принципиелно и да му укажат дека во ова земја тој е гостин, и треба да ја цени нашата гостопримливост, и тој не е гласач, ниту жител на земјава, не смее да се однесува некоректно и дека не смее да му се случи навреда кон нашиот народ. Затоа и Илија Димовски во еден момент ги напушти преговорите. Мора да се разговара цивилизирано и со меѓусебна почит. Човекот си има агенда и си ја извршува и мислам дека не треба посебно значење да се дава на него, без разлика на провокациите што ги прави таму, кои се според некого намерни и со тенденција, а според некого израз на неговата лична култура. Тој човек како што веќе еднаш кажав тука е да помогне, а не да одмага, ако впечатокот е дека одмага, тогаш не ја гледам поентата од него да биде тука. Генерално мој став е дека внатрешните прашања мора да ги решаваме самите. Така ќе покажеме и зрелост која се очекува од нас, и така ќе спречиме и вакви работи да се случуваат, потценување на државата, народот и институциите. Факт е од друга страна дека поделбата меѓу партиите, посебно после таканаречените бомби беше преголема и СДСМ инсистираше на меѓународно посредништво, и дека тоа е во суштина повеќе корисно од штетно, но сакам да нагласам дека не мора да размислуваме така по секоја цена и при секоја прилика и во иднина. Зарем може некој повеќе да ја сака оваа држава од нас самите? Зарем мислите дека ќе дојде некој странец и ќе ни кажува тука што е добро за нашата држава а ние тоа нема да го препознаеме? Ако нешто е добро ќе го прифатиме, но ако нешто не е, тогаш нема. Има една логика која еден академик во една прилика ми ја кажа, јас не се согласувам целосно, но интересно е да се напомене – ако некој дипломат ти вика дека треба да направиш нешто што е од интерес за твојата земја, зошто би ти го кажал тоа ако не се поклопува со интересот за неговата земја? Ако не се поклопува со интересот на неговата земја, што е практично невозможно, тој значи си ја предава државата? Е сега прашањето е дали интересот на неговата земја се поклопува со интересот на твојата? Дали е тоа логично? Не знам, вие пресудете. Јас се трудам да ја гледам политиката и низ малку поинаков спектар, на нешто повеќе од само интереси, туку и на вредности.

И конечно, ние треба да го гледаме интересот на нашата држава и тој интерес е јасен и недвосмислен, без разлика на сите теории.

*Како сте задоволен од коалицирањето со СДСМ во моментов?

Груевски: Кандидатите кои СДСМ ги предложи се партиски кадри, тоа е што го имале на располагање…