Македонија,Политика

Груевски: Народот ќе победи, победата ќе биде голема со 62 пратеници

Груевски: Народот ќе победи, победата ќе биде голема со 62 пратеници

„Народот препознава чесен однос на политичарите кон граѓаните и прави разлика кој што сработил. Во вториот круг народот ќе победи, ќе победи Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ, победата ќе биде голема со 62 пратеници во Парламентот за да не дојде да бидеме уценувани во реализацијата на 2.046 проекти од програмата „Проверено”,“ порача на вечерашниот митинг во Виница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Денеска апелирам до оние кои гласаа за СДСМ – дајте да се исполнат овие 2.046 проекти зошто ова го правиме за сите граѓани на Република Македонија. Зголемувањето на пензиите, проектите од сферата на социјалата, влегувањето на странските инвестиции сите ќе имаме корист од оваа наша програма, рече Груевски.

Ние, рече Груевски, се бориме да им помогнеме на сите преку проектите кои ги спроведуваме и кои ќе ги спроведеме во иднина.

„Обезбедуваме нови факултети со дисперзирани студии, реконструирани патишта во Источна Македонија, патнииот правец Штип-Виница, реконструкција на Здравствениот дом во Винциа, набавка на четири возила за итната медицинска помош, реконструкција на амбулантата во село Трсино, спортска сала во село Градец, реконструкција на Средното училиште „Ванчо Прке”, реконструкција на водоснабдителниот систем,“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи притоа дека ова се само дел од реализраните проекти во општина Виница.