Груевски: Народот на Македонија е нашата главна потпора

Мојата партија и јас лично се држиме до овој договор затоа што стоиме до вас, се потпираме на вас, веруваме во вас. Ваше и единствено ваше е правото да одберете кој ќе ја води оваа држава, рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање до јавноста по повод временото повлекување, кое произлегува од Договорот од Пржино.

Вие, народот на Македонија сте нашата главна потпора и јас ова го правам за вас, затоа што верувам во вас и во вашата одлука и проценка. Вие се знаете и на вас се ви е јасно. Никој не смее да ве потценува. Вие ќе го кажете вашето мислење на следните избори јасно и децидно и тоа ќе биде громогласно и убедливо, рече Груевски.