Македонија

Груевски: Народот вечерва по бројност е како никогаш досега

Груевски: Народот вечерва по бројност е како никогаш досега

Кулминира нашата битка за идеалите во кои веруваме. Девет години ја водиме оваа држава низ тешки предизвици, свесни за бројните проблеми. Македонија овие 3,5 месеци е под жесток напад. Како никогаш досега не се браниме, ретко како кога молчиме и чекаме да помине. Нашите реакции досега не беа реакции, ние молчевме, но доста беше. Македонија време е да одговори, истакна премиерот Груевски на вечерапниот собир пред Собранието на Република Македонија.

Вечерва по бројност како никогаш до сега, река од народ, река од достоинствен, цврст, слободоумен и горд народ. Од народ што знае да препознае кога некој го манипулира, заведува, лаже, кога препознава кога некој има нечесни намери, додаде тој.

Масовноста на народниот собир се забележуваше уште неколку часа пред почетокот на иститот кога реки од народ се движеа по скопските улици доаѓајќи пред Собранието. Според првичните проценки, над 90.000 граѓани излегоа на народниот собир.

Македонскиот народ повеќе од очигледно е на страната на Никола Груевски. Откако вчера опозицијата доживеа фијаско на долгонајавуваниот протест пред Владата на кој учествува околу 18.000 граѓани, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вечерва покажаа и докажаа зошто на парламентарните избори пред само една година ја победија опозицијата со над 200.000 гласови разлика.