Груевски: Наша должност е да се обединиме за доброто на Македонија!

Период на вештачки создадена криза, сценарија за дестабилизација чија крајна цел ја гледаме токму деновиве во најавите за редефинирање на нашата држава. Но и период кој го поминавме заедно, рамо до рамо со вас. Некогаш, среде сите напади, интриги, лаги и сценарија, денот се чинеше како цела година. Некогаш излезот се чинеше премногу далеку, дури и невозможен. Меѓутоа, не ја изгубивме вербата. Не ја изгубивме надежта. Не ја изгубивме силата, бидејќи силата сте вие, народот на Република Македонија, чуварите на суверенитетот на оваа држава, рече Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во 4-тата Изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ на митингот во Скопје.  

-Во моментов стоиме исправени пред многу важна одлука, која за нашата генерација и за Република Македонија има референдумско значење. Од тоа каков став ќе заземеме сега ќе зависи каква иднина ќе имаат и во каква држава ќе живеат нашите деца и внуци, генерациите Македонци кои ќе дојдат после нас, рече Груевски.

gruevski-miting-skopje-640x332

До овој момент од историско значење, изјави Груевски, дојдовме после долг и тежок период за сите граѓани на нашата земја. Период на вештачки создадена криза, сценарија за дестабилизација чија крајна цел ја гледаме токму деновиве во најавите за редефинирање на нашата држава. Но и период кој го поминавме заедно, рамо до рамо со вас. Некогаш, среде сите напади, интриги, лаги и сценарија, денот се чинеше како цела година. Некогаш излезот се чинеше премногу далеку, дури и невозможен. Меѓутоа, не ја изгубивме вербата. Не ја изгубивме надежта. Не ја изгубивме силата, бидејќи силата сте вие, народот на Република Македонија, чуварите на суверенитетот на оваа држава, рече Груевски.

111

Ова беа тешки времиња за Македонија. После 2 ипол години во кои Македонија беше држена во агонија, вистината излегува на виделина.

-Нема човек кој работел и кој не погрешил и тука не барам изговори за нашите евентуални грешки, кои со сигурност не се стратешки, туку сакам само да ви дадам до знаење дека и ние сме како и сите други луѓе, луѓе кои се одлучни да работат за да се подобри од ден на ден, за вас и за Македонија. Не за џабе старите велат „кој работи, тој и греши”. Јас сум свесен за ситуацијата во која не втурнаа, но знаете и самите, а и Бог ми е сведок за трудот, кој го вложувам сето ова време со по 15 часа работа на ден, трудејќи се да го дадам максимумот, што можам и да помогнам на што повеќе луѓе. Да се обидам да решам најголем дел од нивните секојдневни проблеми, да се посреќни и позадоволни од себе, од нас и од својата држава која имаме чест да ја градиме заедно. Кризата не направи посилни, поодлучни, подобри, похрабри. Поспремни да се соочуваме со предизвиците и посветено да продолжиме да работиме, заедно со вас. За нас е важен секој глас и сечие мислење. И ниеден глас не смее да биде потценет. Затоа ние се обраќаме во оваа кампања до сите. Свесни дека до некои ќе допреме но до некои можеби и не, изјави Груевски.

222

Но, сепак, сакам да кажам дека различни мислења и разлики по дневно политички теми се едно, а љубов кон татковината и историска обврска и одговорност е нешто сосема друго.

-Во вакви моменти за државата и за опстанокот на нашата нација каква што ја сакаме, кога меѓу нас има некои разлики, наша должност е да се обединиме, заедно за доброто на Македонија. И заедно да го запреме процесот на разнебитување на државата кој започна со политичката криза. Нашите претци многупати досега застанале во одбрана на својата земја. Време е нашата генерација да го стори истото. Секој во своето време, секој со своето оружје. Нашето на 11-ти декември се гласот, гордоста, достоинството изразени преку пенкалото и изборното ливче, рече Груевски на митингот пред Собранието на Република Македонија.