Груевски: Нашиот став е јасен – треба да има правна и потоа политичка разрешница

Имаме ние свои грешки, си ги знаеме мааните и знаеме како да ги корегираме, но јас знам и граѓаните знаат дека СДСМ со ваков начин на однесување и со ваков кадар никогаш нема да биде соодветна алтернатива на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, истакна вчера Никола Груевски во своето обраќање пред насобраните граѓани во Прилеп.

-И не е ни чудо што со оваа цела операција ништо не направија, освен што закрвија народ, и поставија основ за секаков вид на проблеми и конфликти. Тоа всушност беше и целта на неговите нарачатели. Има уште една интересна работа која вреди да се искоментира. Тоа е темата која самите си ја отворија, а тоа е демек амнестија за сите. И тоа така смешно го прават, прво низ некаква призма на преговори, па потоа си нафрлаат топка и самите демек закуцуваат, не сакале амнестија се ќе било судено, сите ќе одговарале и слично. Човек не знае како да одговори на ова а да не биде погрешно сфатен. Ние кажавме повеќе пати и нашиот став е јасен по ова прашање, истакна премиерот.

Тој потенцираше дека треба да има правна и потоа политичка разрешница и дека тоа е реалноста.