Груевски: Не ни се потребни празни дебати, туку реални дела

Вредноста во политиката не треба да биде она што политичарите ќе го кажат, туку тоа што тие ќе го направат, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денес промовираше нови мерки за младите.

Минатиот труд на секој политичар се мери низ проектите и делата кои ги направил, а не по тоа колку омраза и колку деструкција посеал зад себе. Нам не ни се потребни празни дебати, туку реални дела зошто на крајот важно е колку добро сте направиле за народот. ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа одговорноста дадена од народот и целата енергија ја насочува кон работа, дела, нови проекти, она што на нашиот граѓанин ќе му го подобри животот. Македонија е многу повеќе од сите докажувања, деструкции, конструкции кои се обидуваат да ни ги наметнат. Македонија е новите улици во Страцин, спортската сала во Кратово, обновеното училиште во Стајковци, новата градинка во Чучер Сандево, канализацијата и патот во Вирче, новата инвестиција со близу 1000 вработувања во Демир Хисар, новата болница во Штип, илјадниците проекти кои се работат низ целата држава. На тој план проектите за младите се нашиот најсилен влог, заклучи Груевски.

Со шесте нови мерки кои ги промовираше денес, вкупно се 40 мега проекти за млади лица промовирани за кус период. Дел од нив веќе се реализираат.