недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Груевски: Не ни треба власт која си го потценува народот

Ни требаат луѓе кои ја водат државата кон ЕУ и Нато, Влада која што не се согласува со виткање на кичмата на Зоран Заев, за кантонизација и за проширување на рамковниот договор, нас ни е потребна стабилизација и економски напредок на државата, истакна Груевски во Виница.

gruevski-vinica-640x355

Последни вести

Сакам да им порачам на СДСМ дека разликата на 11 декември нема да биде 7-8 пратеника туку ќе биде огромна и да не спијат на тоа уво дека овој народ ќе дозволи разлика од 7-8 пратеника. Тоа ќе биде една огромна победа која што после тоа ќе им биде срам да помислат на широка коалиција. Ќе имаме победа и поддршка која што ќе осигура 63 пратеника дека Македонија излага од кризата и дека СДСМ веќе нема да има простор да прави хаос во земјата и деструкции, изјави Никола Груески претседател на ВМРО ДПМНЕ и носител кандидатската листа во ИЕ 4, на вечерашниот митинг во Виница.

-Онаа власт која што си го потценува народот, ветува се од ракав не ни треба, ни требаат луѓе кои ја водат државата кон ЕУ и Нато, Влада која што не се согласува со виткање на кичмата на Зоран Заев, за кантонизација и за проширување на рамковниот договор, нас ни е потребна стабилизација и економски напредок на државата. Да си останеме концентрирани на нашите напори за градење на Македонија, растење на пензиите, економијата, носење на инвестиции, уште повеќе иако сме на 10-то место и за отворање на нови работни места, истакна Груевски.

Тој исто така потенцираше дека во изминатите 10 години успеале да отворат 39.000 нови работни места, од вкупно отворени над 160.000 работни места само во последните 10 години во овие места се отворени над 39.000 нови работни места. -Невработеноста се намали од 38,7 на 24 проценти, а успеавме исто така да им помагаме и на земјоделците со 150 милиони евра годишно субвенционирање.

-И во најтешки времиња успеавме да им дадеме субвенции од 50/50 на земјоделците за да можат да купат трактори, успеавме да донесеме над 2 милијарди евра пари од странски директни инвестиции, во најтешко време успеавме да обезбедиме кредит во вредност од 350 милиони евра со каматна стапка од пет ипол проценти за македонските фирми да ја преживеат и светската криза и европската криза и домашната политичка криза. Изградивме и реконструиравме 510 километри регионална патна мрежа и над 750 километри локална патна мрежа. Ги зголемивме пензиите на пензионерите за 70 проценти од просечната пензија, а над 90 проценти од минималната пензија. А ги реализиравме и проектите за банско-климатска рекреација на пензионерите, воведовме минимална плата под која не смее да се дава плата во Македонија и до 2020 година таа ќе изнесува 14.000 денари, потенцираше Груевски.

Најчитани вести