Македонија

Груевски: Нема да ја свиткаме кичмата

Груевски: Нема да ја свиткаме кичмата

Во Нато и ЕУ треба да влеземе не со свиткана кичма, туку гордо и достоинствено, истакна денеска лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, потенцирајќи дека  ВМРО-ДПМНЕ сака најмногу од сите решение на проблемот со нашиот јужен сосед.

„Проблемот со името со нашите соседи не е работа само поврзана со избори решението за името за нас има поголема суштина. Ние по ова прашање освен голема волја имаме и јасни принципи кои досега во повеќе наврати се имаме произнесено.Народот е тој што ќе одлучи, ако Грција и понатаму остане со такви радикални ставови како досега ние секоја година можеме да организираме избори“, нагласи Груевски.

Груевски посочи дека само ако  од Грција дојде предлог за уредно решение само тогаш може да има исчекор за спорот со името.

„Дотогаш ќе продолжат да доаѓаат извештаи од меѓународните организации , но ние веќе се навикнавме на тоа знајќи дека крајната цел им е да ја свиткаме кичмата. Народот не се лаже, само СДСМ може да ја свитка кичмата“, рече Груевски.

Во Нато и ЕУ треба да влеземе не со свиткана кичма, туку гордо и достоинствено.