Груевски: Нема трговија за заташкување на скандалот на СДСМ

Зоран Заев и неговите следбеници залудно ќе чекаат трговија. Нема трговија. Ние може да разговараме и да водиме дијалог, но никогаш нема да учествуваме во сценарија кои имаат за цел да го премостат народот, истакна денеска од битола премиерот Никола Груевски.

Ние сме свесни за нашите грешки, и ние знаеме како да ги исправаме, одговорно, слушајќи го народот и неговата волја, рече Груевски.

– Но, нема да има простор за заташкување на скандалот кој самите го конструираа. Одговорноста со сите затезни камати за дестабилизирањето на земјата, за омаловажувањето на гласачката волја, за валкањето на угледот и на граѓаните и на државата, за лагите и оговарањата што ги пласираат во светот, ќе ја носат во секоја форма сите кои учествуваа во потфатот на рушење и дестабилизација на државата, нагалси тој.