Груевски: Нивелација на санкциите за субјектите според економската моќ

Нивелирање на казните според економската моќ на субјектите се предвидува во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот кој попладнево се одржа во Гостивар истакна дека во нивната програма е планирана нивелацијата за да не се случи помалите фирми да пропаѓаат.

Во оваа програма е предвидено доколку обезбедиме двотретинско мнозинство за да може Законот за прекршоци да помине, во иднина санкциите за оние што плаќаат казни да бидат нивелирани според економската моќ на субјектот, да не плаќаат исто фабрики кои имаат комбинати капацитети, кои имаат по 200, 500 вработени и голем капитал и мали дуќанчиња кои имаат по еден или двајца вработени, казната да биде нивелирана според процентот на нивната економска успешност, посочи Груевски.

Ваквата мерка е планирана, нагласи Груевски за да не се случи помалите да пропаѓаат поради високи казни

Тој воедно додаде дека во новата програма на партијата за периодот 2014-2018 се планирани 2046 проекти од разни области во кој секој граѓанин може да се пронајде, како и чекори кои треба да решат многу проблеми со кои граѓаните се соочуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.