вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

Груевски: Нова инвестиција во Демир Хисар, сигурна егзистенција за 1.000 семејства

Она што претходно го најавив, денес се остварува. Официјално е потврдено дека германската компанија STS Textiles ќе инвестира во Република Македонија, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-profilna-640x427

Поврзани вести

Она што претходно го најавив, денес се остварува. Официјално е потврдено дека германската компанија STS Textiles ќе инвестира во Република Македонија, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

gruevski-fb-textiles

Она што е значајно е тоа што оваа најнова инвестиција ќе биде лоцирана во Демир Хисар, што е од исклучително значење за егзистенцијата и развојот на овој регион од државата. Компанијата ќе произведува специјализиран текстил и Република Македонија ќе биде првата земја во којашто отвораат нов производствен капацитет надвор од границите на Германија. Планот е за почеток да се инвестираат 4 милиони евра со што ќе се вработат најмалку 150 лица, со намера низ реализација на повеќегодишен план оваа бројка значително да се зголеми и да се вработат до 1.000 лица. Тоа ќе значи сигурна егзистенција за 1.000 семејства од Демир Хисар и од блиските градови и населени места. На оваа одлука за инвестирање претходеа повеќемесечни интензивни разговори, и особена посветеност и ангажман на економскиот тим. Посебни честитки за потпретседателот на владата Владимир Пешевски, како и министерот Џери Наумоф и заменик директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски кои имаа голем ангажман за оваа инвестиција, напиша Груевски.

Тој англаси дека ородолжуваат да работат и да се борат за секое ново отворено работно место. Решавањето на суштинските прашања со кој се соочуваат граѓаните останува нивниот најсилен фокус, а напредокот и развојот на државата нивни основен приоритет.

Најчитани вести