Груевски: Новата програма предвидува проекти за наводнување на нови 24.350 хектари земјоделско земјиште

Инвестициски проекти за наводнување на нови 24.350 хектари земјоделско земјиште на територијата на цела Македонија најави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ промовирајќи ја новата програма „Проверено“ на митингот во Струмица.

„Во новата програма планираме и засилени инвестиции за проширување и рехабилитација за сите постојни хидро системи во државата кои што се запуштени. Направивме десет годишен план и секоја година утврдивме колкав буџет ќе ни треба за десет години, не само да ја обновиме и рехабилитираме мрежата за наводнување, туку да градиме и нови мрежи како примарна така и секундарна и терцијална мрежа за наводнување“, посочи Груевски.

Тој истакна дека овој проект ќе се спроведе бидејќи знаат дека тоа во моментов тоа е еден од најгорливите проблеми на земјоделците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.