Груевски: Нови 100 милиони евра за македонските компании

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Тетово истaкна дека во нивнaта програма, за која велат дека е најдобрата досега, е предвидено повлекување на нова кредитна линија за македонските компании.

Нови 100 милиони евра повлекување кредитна линија со цел и во наредната година две да можат да добиваат кредити со субвенцонирана камата со 5,5 посто. Никој во Македонија не дава камата од 5,5 проценти освен овие кредитни линии каде ја субвенционираме каматата, нагласи Груевски.

Тој истакна дека и во екот на најголемата криза кога сите очекувале дека каматите ќе бидат по 10,12 отсто со овие мерки македонските фирми имале најниски камати во историјата на Република Македонија.

Груевски наглаи дека повлекување на новата кредита линија ќе се случи на македонските фирми да бидат поконкурентни, да прават повеќе профит и да отвораат повеќе нови работни места во Македонија.