Во втората половина на овој месец се очекува да пристигнат првите 15 и пол милиони евра од четвртата кредитна линија на Македонската бакна за поддршка и развој кои што ќе бидат распределни во 66 претпријатија во земјава и тоа е првата транша од новиот кредит под екстра поволни услови од 100 милиони евра со камата до 5,5 отсто која што е субвенционирана од државата, истакна премиерот Никола Груевски.
„Досега Македонија повлече три вакви кредити за време на Светската глобална криза и за време на Европската должничка криза во вкупен износ од 250 милиони евра и со нив се отворија огромен број на работни места, според одредени сознанија околу 15.000 работни места. Сега ова е четврта кредитна линија со субвенционирана камата која што е до 5,5 отсто и која што ќе се дава на компании мали и средни и компании кои што сакаат да инвестираат во нова опрема со рок на враќање од 8 години, грејс период од една година, камата 5,5 отсто и за набавка на обратни средства за производство или слично со 3 години рок на враќање и грејс период од 6 месеци“, истакна Груевски.
Оваа кредитна линија во изминатите години овозможи Македонија да биде една од државите која е со најмалку загуби и со најмалку штети ја помина европската криза и беше една од две до три држави кои што најблаго ја поминаа кризата.
„Меѓутоа споредено со другите држави во Европа, падовите во економијата беа најмали, растовите кога имаше раст беа меѓу најголемите и шететите беа најмали. Беа преземни многу мерки за да се дојде до тоа меѓутоа една од клучните мерки беше токму оваа која што продолжува. До крајот на годината се очекува 40 милиони евра да бидат инвестирани преку кредитеи, а следаната година останатите 60 милиони евра, така што оваа година и следната ќе бидат покриени со кредити со субвенционирана камата. Можам да кажам дека во изминатите години без малку сите фирми во Македонија што земаа кредити речиси во било која банка повлекуваа во оваа кредитна линија . во последните неколку години таа кредитна линија беше најефтинит извор нља банките и сите фирми сакаа да повлечат од таа кредитна линија, додаде премиерот.
На овој начин, додаде премиерот, се помогна многу за конкурентноста на фирмите затоа што со таква ниска камата тие понатаму имаа многу конкурентен производ и после го продава на Европските и Светските пазари.